Музика на кирилица

Тони Зен со концертна промоција на својот најнов бенд (Фото+Видео)

Веќе подолг период популарниот хип-хоп артист беше затскриен зад медиумите и јавниот живот но тоа не значи дека немаше што да очекуваме од него имено во МКЦ, во киното “Фросина” го промовираше својот најнов сингл “Светот е твој” со својот официјален бенд кој носи име “Флека”, а она што тој го претстави на својот настап е широкиот спектар на жанрови како фанк, џез, блуз итн.

S NСамиот состав брои 11 академски музичари меѓу кој Сиг (вокал), Нино Васков (вокал и гитара), Борче Кузмановски (клавијатури), Благоја Антовски (тапани), Гоги Полизов (бас), Анета и Гена Качуркова (придружни вокали), Александар Николовски (труба), Борислав Веселинов (саксофон), Филип Стевановски (тромбон) и главниот вокал Тони Зен, а продукцијата која што стои зад овој проект е “Стерео Рекордс”. Она што самите соработници можеа да искоментираат за новиот пристап на Тони Зен беа изненадувачки од нивна страна, но и позитивни нагласувајќи дека ова е нова свежина во македонскиот музички етер.

S3А во продолжение премиерно погледнете го и видео-записот и уверете се во она што тој ни го говори што во иднина може да се очекува од него на музички план.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: