Премиера

Цветелина Јанева го промовираше новиот спот за песната “Без думи” (Видео)

На својот роденден познатата бугарска пејачка, ексклузивка на Payner production, Цветелина Јанева ги изненади и израдува своите многубројни фанови со нов видео спот. Спотот е за песната “Без думи” (Без зборови) е дело на Георги Симеонов – JJ кој се погрижи за музиката, аранжманот е на Велислав Драганински, додека пак текстот на Мариета Ангелова.

Познатата пејачка успеа да ги изненади мегаломаните со интересен музички проект. Режисер на видео спотот е Николај Нанков, а овој пат познатата поп пејачка Цветелина е преставена во сосема поинакво светло. За прв пат таа за потребите на спотот стана бринета, повторно исклучително елеганантна и со стил. Нејзинте фанови не ги штедат комплименти за ова видео, што е знак дека истото за многу брзо време ќе стане еден од хитовите на есента.

Познатата бугарска пејачка - Цветелина ЈаневаИнаку, ова претставува првата песна на познатата ѕвезда на ТВ Планета, која што ќе биде дел од новиот поп албум. За подготвувањето на истиот Јанева веќе на неколку наврати спомена на своите тв настапи, а со појавувањето на новиот албум пејачката сака да докаже дека едноставно има потенцијал и голема желба за друг жарн на музика.

“Поп музиката е мојата сила, со неа сум започнала, но веќе јас самата сум многу измената”, изјави пејачката во една тв емисија.

“Јас така сум навикната, со поп-фолк и моментално тоа е мојата музика”, додава таа сакајќи да ги смири фановите кои со новиот албум сметаат дека Јанева ќе се одалечи од она што моментално го работи.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: