Премиера

Младата и преубава Стојне Николова промовираше нови видеоспотови (Видео)

Пред неколку дена во познатиот скопски ресторан “Рагуза”, младата и преубава фолк пејачка Стојне Николова заедно со својот тим, пред новинарите и своите блиски пријатели промовираа три неверојатно добри видеоспотови, нешто што речиси ретко која фолк пејачка во Македонија може да се пофали. Песните “Тебе ти припаѓам”, “На друг не давај ме” и “Мелем за душа” добија свое видео издание кои што македонските тв куќи ќе имаат можност да ги емитуваат на својата програма.

Инаку зад овие песните стои тимот од веќе докажани и професионални музичари како што се Борче Димитров, Љупчо Павловски, Бобан Мојсовски, Љупче Василев и Орце Зафировски. Младата фолк пејачка во оваа прилика изјави:

“Не станува збор за класични видеоспотови, туку за арт-видеа, тренд кој периодов е актуелен во регионов, па и светот. Сите видеа се снимени на сцената на универзална сала, но за секое видео беа употребени различни реквизити. Задоволна сум од целокупниот производ и сега не ни останува ништо друго, освен да ги чекаме реакциите на публиката, изјави пејачката Николова.

Видеоспотовите се во реализација на продукцијата Арт од Скопје. А како што дознава Музика24, ова нема да биде последната промоција, туку Стојне на големо работи на своите нови песни и видеоспотови. Во идниот период оваа млада пејачка ја очекуваат голем број на настапи, концерти и забави на кој на задоволство на публиката ќе се отпеат голем број на македонски и балкански познати хит рефрени. Наскоро на нашиот музички портал очекувајте и интервју со оваа наша позната, млада и преубава македонска фолк пејачка, а во продолжение ви предлагаме да ги погледнете сите три видеоспота која што Стојне заедно со својот тим ги промовираше.

Подготви: Влад Петров

Фото: Дејан Горгиев/Арт продукција

Можеби ќе ве интересира: