Во прв ред

Аца Лукас станува охриѓанец – купува стан во центарот на Охрид

По успешниот второ августовски концерт во Охрид на мега популарниот фолк пејач од Србија – Аца Лукас за “Вечер” изјавува дека во Охрид си поминал одлично. Тој вели дека од следната година не само што ќе биде почесен гостин во Охрид, туку и дека решил тука да купи и стан.

“Одлуката падна, решив да купам стан и да уживам повеќе во една од моите омилени дестинации за летување. Цел свет сум го прошетал, но овој мир и оваа убавина ја нема никаде. Веќе разговарав за станот и наскоро се надевам во рака ќе ги држам и клучевите”, изјавил Лукас за “Вечер”.

“Локацијата и објектот се екстра, ќе уживам и јас и моето семејство затоа што во склоп на комплексот има за сите по нешто. Ми се допаѓа тоа што ќе се будам со поглед на езерото” додал пејачот.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: