Во прв ред

Организаторите задоволни: Дадовме повеќе карти отколку што мислевме (Видео)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 веќе пишуваше за големиот музички настан кој требаше да се оддржи на 26-ти април, но поради лошите временски услови, организаторите истиот го презакажуваат за 3-ти мај, а за што поточно станува збор. На Ракометното игралиште во Битола DJ Nick Kapa, кој специјално за сите Вас доаѓа во Македонија, само за Вас ќе подготви незаборавна и луда забава за која веруваме ќе се зборува дооолго време. Организаторите се презадоволни од досегашната заинтересираност и велат дека и покрај одличната продажба на билетите, место ќе има за сите оние кои сакаат и се заинтересирани да бидат дел од овој голем музички фестивал.

Да не заборавиме да споменеме дека освен ѕвездата на вечерта, на сцената свој настап ќе имаат и одличните: DJ Ricardo Hernandez, DJ Bobba Funk, DJ Zarkotech, DJ De La Cruise, DJ KxLer… За сите оние кои досега кои од било која причина не набавиле билети, а сакаат да бидат дел од овој настан, да Ве потсетиме дека истите можете да ги набавите по цена од 150 денари и тоа на следните места:

  • “Gallaxy Caffe” – Битола
  • “Caffe Lido” и “DI Marko” – Прилеп

Организаторите Ве замолуваат да бидете точни бидејќи влезот започнува во 20 часот, додека фестивалот еден час подоцна, во 21 часот. Музика24 како и на многуте големи музички настани во Македонија и овој пат е медиумски покровител.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: