Во прв ред

Голем пролетен хепениг за 1-ви и 2-ри мај во Штип

На локација позната како “9-ти километар” во градот Штип, на 1-ви и 2-ри мај за прв пат ќе се одржи пролетен настан за сите љубители на електронската и забавна музика наречен “Gate One Open Air Happening”. На овој прв пролетен настан од ваков тип во градот под Исарот, како што велат огранизаторите, е предвиден настап на реномирани музички имиња. Целта на овој настан, како што велат тие за Музика24 е да се афирмираат отворените забави во регионот, да се разбуди безграничноста и сплотеноста која ја прокламира самата музика. На овој пролетен музички настан ќе настапат веќе докажани музички имиња од Македонија, како и познати светски имиња кои доаѓаат од Холандија и соседна Бугарија.

Во раните утрински часови на првиот ден од овој хепенинг, започнува официјално со настап на повеќе македонски изведувачи, музички бендови, артисти и DJ-и. Тука слободно може да ги споменеме: Shine, The Hounds, No End, Edmond Binoge, BlagoyKralev, ZokiPoki… а крајот од целоднавната забава ќе го означат Future Inc со својот “live” перформанс.

Хепенингот продолжува и следниот втор ден односно 2-ри мај кај што се ќе биде свртено кон на електорнската музика и во текот на овој ден присутните ќе имаат можност да ги видат настапите на реномираните македонски имиња од клубската сцена, тука ќе ги споменеме Борче Панов, Андреј Мицајков, Vasile а како специјални гости на вечерта директно од Холандија ME.N.U и Francesco Robustelli а за крај на настанот со свој сет ќе присуствува и бугарскиот диџеј “TIMMO”.

Доколку сакате да имате одлично поминати два празнични дена, сакате и обожувате луди и откачени забави… тогаш со задоволство Ви го препорачуваме овој музички хепенинг. Музика24 е медиумски покровител на истиот.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: