Во прв ред

„Дневник једне љубави“ и неговите 50 лета ќе се слават и во Скопје

После британската, југословенската музика до 1990 година беше најдобра, највозбудлива и најкреативна музика во Европа. Во тој квалитет, не само до 1990 туку и до ден денес, по многу критериуми двои Јосипа Лисац… и секако, нејзиниот величествен албум „Дневник једне љубави” кој според сите анкети се наоѓа во топ 10 најголеми регионални албуми на сите времиња.

„Големо задоволство ни е да ви најавиме дека Госпоѓа Лисац ќе го одржи ветувањето дадено во Лисински, кога беше гостинка на концертот на Diana Krall во Загреб… дека, иако се’ поретко настапува далеку од дома, во Скопје сепак ќе се прослави 50-тиот јубилеј од „Дневник једне љубави“ и ќе се отпеат сите нејзини големи песни“, велат од Авалон продукција, нејзини организатори и домаќини во македонската метропола.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (6-ти октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx по цена од 1.990 денари. На барање на Јосипа, во Скопje ќе се одржи само еден јубилеен концерт.

Запомнете, 3-ти ноември нема да има реприза!

Можеби ќе ве интересира: