Во прв ред

Стенд ап комичарот Александар Георгиевски денес и утре со настапи во Скопје

Комичарот Александар Георгиевски или “G Vision” како што го знаат фановите, изминатиот период ја освои публиката со своите настапи во живо, но, и со видеата на неговиот профил на Инстаграм и Тик Ток, каде некои од нив достигнаа и над 100 илјади прегледи.

Тој освен во неговата родна Битола настапува и во другите градови низ Македонија, а денес, четврток 5-ти oктомври ќе биде гостин во “Dust Caffe” во Скопско Драчево. Александар и 6-ти октомври ќе ја засмејува скопската публика, во локалот “Љубовна Куќичка” во населбата Аеродром.

Овој стенд ап комичар летово имаше настапи низ целата наша земја, а беше гостин и во Скопје, каде направи одлична забава во “L’Atelier Caffe Bar”. Хуморот и сатирата се негова пасија и секојдневие уште од детството, па така неговото секојденвие не може да функционира без доза на хумор.

Инаку, Александар има 20 години и е студент на Правниот Факултет во Скопје.

Можеби ќе ве интересира: