Во прв ред

Голем двочасовен музичко-сценски спектакл на “Тропико бенд” во Скопје

После многу фестивали, после концертот во Белградска Комбанк Арена пред 20.000 посетители, после настапите ширум Балканот и Европа и после успешната турнеја во С.А.Д, момците од “Тропико бенд” решија во знак на благодарност за 16 годишната поддршка да ја израдуваат и својата публика во Македонија со феноменален музичко – сценски спектакл.

Имено, на 28-ми април со почеток во 21 часот во ВИП Арената во Скопје, македонската публика ќе има можност да ужива и да се забавува со најголемите хитови на “Тропико бенд”. Покрај последниот сингл “Халуцинирам” кој ја одбележа претходната година, “Тропико бенд” ќе ја подсетат публиката и на своите стари хитови: “Мисличу на тебе”, “Све моје зоре”, “Параноја”… и многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток на 01-ви март преку продажната мрежа на kupikartizase како и во Розе Веро 2 и во Скајмјузик центарот во ГТЦ. Количините на влезници во предпродажба се ограничени и по распродавање на истите цените ќе бидат повисоки. На 28-ми април во ВИП Арената во Скопје не очекуваат два часа одлична свирка и оригинлно аудио-визуелно доживување, какви всушност се и самите момци од “Тропико бенд”. Концертот е во организација на Skymusic.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: