Во прв ред

На 28-ми јуни еко фестивал на Градската плажа

Во организација на “Пасворд продукција” и “Пакомак”, на Градската плажа “Камени мост” во Скопје на 28-јуни ќе се одржи третото по ред издание на еко фестивалот “Sound of green”. Пред скопската публика, ќе настапат неколку познати бендови кои веруваме дека ќе го задржат Вашето внимание.

“Суперхикс”, “Паркети” и DJ Гоце Д’Соус ќе бидат задолжени за целокупната забава, а доколку сакате да бидете дел од овој еко фестивал, не Ви е потребна влезница, бидејќи истите нема да се продаваат. Доволно е само со Вас да понесете 3 пластични шишиња од било која големина и Вие ќе бидете дел од големото музичко случување. Почетокот на фестивалот е во 22 часот, бидете таму.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: