Во прв ред

Скопје ќе слави Нова Година со Дино Мерлин, Битола со Зарина Првасевда

Битолчани и жителите на регионот и оваа година ќе слават Нова Година на плоштадот “Магнолија” со скромна и неатрактивна програма за мнозинството граѓани.

Денес беше потврдено дека Битола ќе ја пречека новата година со Зарина Првасевда. Според коментарите на социјалните мрежи и “чаршиските муабети”, голем дел од луѓето не знаат за кого се работи.

“Радост и чест е што ќе ја имам можноста овој искачен левел да го завршам во една моја “дома” , меѓу свои и драги луѓе! Долетајте ни сите кои сеуште размислувате каде, зошто среќата се множи кога што повеќе се дели! Се гледаме на 31.12.2019 во магичната Битола заедно да отвориме срце за добредојде на новата приказна – 2020 година!”, напиша Првасевда на својот Facebook профил.

Целосната програма на Општина Битола сеуште не е објавена. Музика24 побара официјални информации од Општина Битола, но од таму нема одговор.

Можеби ќе ве интересира: