24 Ексклузивно

Ексклузивно: Листата на фолк изведувачи кои ќе настапат на “Охрид фест”

Како и досега, така и денес Музика24 Ви нуди ексклузива поврзана со интернационалниот летен музички фестивал во Охрид или уште попознат кај нас како “Охрид фест”. Во минатите текстови ви го донесовме ексклузивното интервју со директорот на организацијата на овогодинешното издание Џими, како и многу други ексклузивни информации кои секогаш ги добиваме од прва рака. Овој пат Музика24 како еден од медиумските покровители на овој веќе 20 години познат музички фестивал, ви ја донесува листата на фолк изведувачи кои ќе настапат на Фолк вечерта на “Охрид фест”:

ФОЛК ВЕЧЕР 22.08.2013 ( ЧЕТВРТОК )

  1. Анета Арсовска  и  Фаворити
  2. Зоран Далчевски – Душа ми е планина
  3. Мите Стоилков – Правам свадба голема
  4. Иван Радески – Пајтон Лено да ти купам
  5. Вера Трајкоска – Птица без крила
  6. Александар Шикоски – Царувај срце
  7. Марија Петковска – Тага моминска
  8. Руса Андова – Уште те сакам
  9. Гр.Маестро – Отров ти се усните
  10. Гр. Соната – Тој нема љубов за мене
  11. Влатко Попоски – Ко еден ден
  12. Благојче Стојановски Туше – Било еднаш и поминало
  13. Милован Секулоски – Кога ќе ти дадам ишарет
  14. Јуле Николоска – Осамена
  15. Мирко Вретовски и Гр. Елегија – Лажни зборови
  16. Гр.Нели ти реков – Молитва
  17. Коки и Прогресиве Бенд – Романса
  18. Скопски Боеми – За тебе камен ќе бидам
  19. Александар Цветковски –
  20. Петар Нечоски – Жолто фустанче
  21. Блага Петревска – Запеј генерацијо
  22. Биоритам – Што ми вреди
  23. Благица Павловска – Нека пие чаршија
  24. Сузана Спасовска – Нека памети

И колку само да Ве потсетиме, дека оваа година за разлика од изминатите кога фестивалот се одржуваше во местото наречено Долни Сарај, фестивалот сите фестивалски вечери ќе се одржува на самиот кеј на езерото или како што изјави Џими за Музика24:

“Оваа година, после незнам колку години, фестивалот го селиме крај езеро. Поточно пред барот “Објектив”. Сцената ќе е поставена така да пејачи при изведбата гледаат према центарот на градот и ќе ги “пречеквет” шетачите по кејот со песна…”, изјави директорот на организација на фестивалот за музичкиот портал Музика24.

Се надеваме и веруваме дека доколку од 21-ви август, па следните неколку дена бидете во Охрид ќе бидете дел и од јубилејнното овогодишно 20-то издание на познатиот меѓународен летен музички фестивал “Охрид фест”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: