Во прв ред

Концертите на квартетот “Bond” ќе се одржат во септември

Нови добри и оптимистички вести доаѓаат од Авалон продукција. Договорени се три дати за концертите на британската гудачка атракција “Bond”, кои требаше да се одржат во март, но поради актуелната ситуација се одложени. Новите три дати за концертите се во месец септември и тоа: 25-ти, 26-ти и 27-ми, а локацијата останува иста, Македонската филхармонија.

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња “Bond” има милионска армија на обожаватели низ целиот свет, а македонската публика ќе ги види за прв пат во Скопје со три последователни гала концерти. Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за новите дати.

Да појасниме: оние што имаат набавено влезници за концертот на 20.03 билетите ќе им важат за концертот на 25.09, понатаму, влезниците за 21.03 ќе бидат важечки за 26.09 и на крај, влезниците за 22.03 ќе бидат важечки за концертот на 27.09.2020 година.

Останете во добро здравје и со позитивни мисли!

Можеби ќе ве интересира: