World Music

Бијонсе со нова песна (Аудио)

Иако во текот на последната година Бијонсе е посветена во улогата на мајка, таа пронајде време и да поработи на новата песна. Меѓутоа текстот на “Bow Down / I Been On” покрена лавина негативни коментари на социјалните мрежи.

“Знам дека кога сте биле мали сте сонувале да бидете дел од мојот свет. Сега, поклонете ми се кучки!”, пее Бијонсе во новата песна. Голем дел од фановите сметаат дека пејачката овој пат претерала со надмениот став на ѕвездата која смета дека е подобра од другите.

“Како можеш да пееш на претседателската инаугурација, а потоа да ја снимиш оваа одвратна, навредлива песна? Шокиран сум!”, искоментирал нејзин фан на Твитер, додека други се запрашале дали е во прашање шега. Бијонсе во текстот го спомнува и фактот дека во последно време е посветена на сопругот Џеј Зи и на ќерката Блу Ајви.

“Земав малку одмор да го живеам мојот живот, но немојте да мислите дека сум само негова “женичка”, пее Бијонсе во новата песна која што може да ја преслушате во продолжение.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: