World Music

Рита Ора со песна која потсетува на Витни Хјустон

Познатата дваесет и три годишна пејачка Рита Ора, наскоро ќе ја претстави нејзината најнова песна, која како што самата вели, ја потсетува на нејзиниот дечко Келвин Харис, но и на светски познатата и за жал почината Витни Хјустон. Британската пејачка со песната “I will never let you down”, воедно и го најавува нејзиниот нов втор по ред студиски албум, кој моментално го подготвува. За познатата Витни Хјустон и нејзината песна која потсетува тому на неа, Рита вели:

“Таа песна ми е важна, бидејќи зборува за љубовта, а сигурно многу ќе ве потсети на една песна на Витни Хјустон, има таков звук”, вели таа и додава дека премногу е слична на големиот хит “How Will I Know”.

“Ќе ве направи среќни. Тоа е она што сакав да го постигнам”, додава таа. Ако првиот нејзин албум повеќе беше забележан, коментиран, слушан и продаван пред се во Европа, таа за нејзиниот втор албум вели дека тоа сака да се промени.

“Освојувањето на САД од агол на британски изведувач е навистина тешко баш затоа и сите го сакаат истото. Треба да освоите пазар кој не го познавате доволно. Поради тоа малку сум нервозна и уплашена, да бидам искрена”, заклучува таа.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: