World Music

Скандалозната Лејди Гага ќе пее на доделување на оскарите

Скандалозната Лејди Гага ќе пее на церемонијата на врачување на наградите Оскар , која ќе се одржи на 22-ри февруари. Пејачката ќе стане дел од шоуто во Лос Анџелес, на кое ќе присуствуваат најистакнатите ѕвезди на киното. Лејди Гага сама ја сподели веста објавувајќи тематска слика во својот профил во Instagram вчера вечерта. Кон кадарот русокосата изведувачка напиша:

“Ќе пеам во живо на Оскари оваа година!”. Се уште не е познато со која песна пејачката ќе се претстави на престижните награди подоцна овој месец, но едно е сигурно – шоуто сигурно ќе биде спектакуларно и незаборавно. Во соопштението за настапот на ексцентричната ѕвезда за време на доделувањето на Оскарите, се вели:

“Лејди Гага е уникатен изведувач чија музичка еволуција продолжува да расте. Ние сме горди да имаме нејзино исполнување на Оскарите за прв пат”. Неодамна Лејди Гага пееше и на наградите Греми, за време на кои освои и награда за најдобар поп албум со вокали.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: