Балканленд

Тијана Дапчевиќ со нов прекрасен изглед

Денес српските медиуми на големо пишуваат за визуелната промена на нашата нова евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ. Таа откако објави фотографија со долга коса на нејзиниот фејсбук профил, не престанаа коментарите за истата. Очигледно нејзините фанови од Балканот не се навикнати да ја гледаат со нова фризура нашата Тијана, но по се изгледа, ќе мора да се навикнат.

Некои од нив коментираа дека таа изгледа постаро и пластично, додека пак други дека не можат да препознаат, трети пак дека изгледа прекрасно и совршено… но како и да е, Тијана и во ова издание изгледа прекрасно, светски. Во идниот период, веруваме дека почесто ќе гледаме вакви и слични фотографии од нашата евровизиска претставничка.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: