Музика на кирилица

Дани го промовираше новиот албум “Град за љубов“

Пејачката Дани Димитровска го промовираше својот најнов албум “Град за љубов“. Албумот се состои од осум песни, дел претходно биле промовирани а дел се нови композиции. Албумот се подготвуваше подолг период а на чело на тимот беше  Весна Малинова.

На промоцијата Дани го промовираше и најновото видео за “Лево-десно“, нумера која се наоѓа на овој нов албум. Интересно што овој албум нема носечка нумера бидејќи како што вели Дани: “Сите песни се содржители на суштината на животот, градот, односот кон себе и се друго.“

https://www.youtube.com/watch?v=Xh0thB_tKt0

– “Град за љубов инспирира на враќање на другарскиот дух во градот. За суштински вредности зборуваме, оние подзаборавените. Во понеделникот во „МКЦ“ видов дека музиката се уште се сака, видов дека македонската музичка култура се издигнува со поддшка и љубов. Истото што го пеам и зборувам за луѓето и животот и градот. И тоа е суштината и таа ми е на албум “– изјави Дани Димитровска за медиумите.
На промоцијата присуствуваа голем број пријатели и колеги на Дани меѓу кои:  Каролина Гочева, Панчо од ДНК, Вера од “Љубојна“, Ѓоко Таневски, заменикот министер за култура Владимир Лазовски, Влатко Лозаноски, Наум Петрески, Влатко Илиевски и уште многу други.

 Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: