Музика на кирилица

Маја Вукичевиќ порачува “Сега ми требаш” (Видео)

Познатата и секогаш позитивна поп пејачка Маја Вукичевиќ повторно изненадува со нова песна, овој пат таа порачува и пее “Сега ми требаш”. Сеуште точно незнаеме кому му е посветена оваа песна, но комплетниот автор и продуцент Александар Масевски сигурно го знае одговорот на ова прашање. Како што вели Масевски, оваа најнова песна на Вукичевиќ е со побрз ритам и во стилот на песните што ги следат светските трендови.

“Сега ми требаш” наскоро ќе добие и видео спот, за кој што ќе биде задолжена Томато продукција, а истиот по реализирањето ќе биде промовиран и презентиран пред македонската јавност.

Во продолжение, преслушајте новата песна на Маја Вукичевиќ и секако уживајте!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: