Музика на кирилица

Втора принова во семејство на Андријана Јаневска

Поп пејачката Андријана Јаневска  вчера на свет го донесе вториот син Кристијан во гинекологија Чаир каде јавно ја сподели среќата на facebook со своите фанови.

“Се чувствувам како кралица, тројца мажи ме чуваат, долгата непроспиена ноќ ми донесе нова радост во мојот живот, синот Кристијан: Да си жив и здрав, сине мој и само радост да ни носиш!”, гласеше радосната вест која беше и повеќе од забележителна.

Андријана Јаневска во брак со Димитар Гиновски го имаат и 3 годишниот син Димитар, па така сега во семејството ќе се дружат со уште еден член.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: