Во прв ред

По барање на публиката – “Нокаут” со втор концерт во Охрид

Како на публиката од Охрид да не им беше доволен еден концерт, па самите си побараа втор. По големиот тричасовен концерт на 26-ти јули кој што го подготвија и одлично го реализираа дечките од групата “Нокаут”, охридската публика која тогаш беше собрана во “Кадмо” сака реприза на истиот. Менаџерите од најактивната продукција летово “Горила продукција”, заедно со дечките од бендот решија оваа желба да им ја исполнат, па така на 8-ми август односно во четврток сите вие кои што сакате реприза на одличната забава, “Кадмо” Ве очекува.

Влезниците за концертот можете да ги набавите само во Охрид и тоа по промотивна цена од 200 денари и тоа на следниве места: “Кафе Кадмо”, клуб и плажа “Кадмо”, “Пица Буре Градиште” и на Градскиот плоштад во Охрид. Доколку не сте толку брзи и не ги набавите навреме Вашите билети, тогаш истите на врата ќе чинат 300 денари. ви посакуваме одлична забава, по втор пат 🙂

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: