Во прв ред

Здравко Чолиќ со голем концерт во Скопје

Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје. Како што најавува организаторот, Прагма продукција, 10-ти ноември е датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации. Локација е веќе позната Вип Арена “Борис Трајковски”.

По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката која со нетрпение го очекува својот миленик, во ноември ќе може да ужива во неповторливата ноќ исполнета со безвременските песни и дружење со исклучително харизматичниот Чола. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 1-ви септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и Цвеќара Розе – Веро 2.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: