Музика на кирилица

Тошо Малерот и Иван Иванов – синот на претседателот на РМ станаа DJ-и

По успешно реализираните шест забави, заврши и седмата која беше спој на искуството, шармот и харизматичноста со младоста и енергичноста. Познатиот македонски актер Васко Тодоров или уште попознат како Тошо Малерот и синот на претседателот на Република Македонија Иван Иванов, во рамките на серијата забави “Back to Back, old Gramophone party” заедно пуштаа музика на вторничната забава која се случуваше “Галерија 8” во Скопје.

Се слушаше музика од Rolling Stones, Azra, Berry White музика блиска до Тодоров и Jimi Hendrix, Deep Purple, Леб и Сол… музика која ја пушташе младиот музичар Иванов и која воедно ја претстави урбаната култура и новото живеење на Скопје, а истовремено покажа дека талентот е хранет уште од детството и музиката на Pink Floyd.

По оваа забава, се најавува новата “Old Gramophone wine and cheese party”, која според најавите ќе се случува на поголем простор односно во Универзалната сала.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: