Балканленд

Македонската евровизиска претставничка на “Eurosong” ќе пее на англиски јазик

Вчеравечер шефот на македонската евровизиска делегација Мери Попова во интервју за емисијата “Стисни Плеј” на МРТ, објави дека Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска ќе ја претстави Македонија со англиската верзија на евровизиската песна, односно “To the sky”.

“Намерно оставивме малку простор пред да ја донесеме конечната одлука, но навистина сме задоволни со изборот. Многу поголем е процентот на оние коишто ја преферираат англиската верзија. Публиката се изјасни самата”, изјави Мери Попова. До крајот на месецот се очекува евровизиската тема да добие и официјален видео запис, а по завршувањето на средбата на шефови на делегации во Копенхаген на 15-ти овој месец, ќе започне и промотивната турнеја на нашата претставничка Тијана Дапчевиќ. Предвидено е учество на Македонија на најголемиот предевровизиски промотивен настан, Eurovision in concert и на Лондонската евровизиска забава, која е втора по големина од овој тип и се случува по четврти пат.

Интересно е тоа што Македонија е одбрана меѓу седумте земји кои со педесет проценти од своето гласање ќе одлучат кој ќе ја претставува Белгија на Евровизија. Неколку члено жири од Македонија предводено од шефот на делегацијата Мери Попова ќе имаат задача да им помогнат на колегите од Белгија околу изборот на нивниот претставник.

Извор: МРТ

Можеби ќе ве интересира: