Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Алекса Перовиќ – Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора!

Неодамна за жал на многумина, излезе од големото регионално тв шоу “X Factor”. Неговата менторка Емина Јаховиќ – Сандал, често го најавуваше како момчето со најубава насмевка, момчето кое што знае и умее да плени и едностано… Алекса Перовиќ. Како што неодамна ветивме, специјализираниот македонски музички портал Музика24 направи ексклузивно интервју со ова неодливо, симпатично и шармантно момче. Што тој им откри на нашите новинари, прочитајте во продолжение…

Музика24: Да почнеме од почеток. Кој е всушност Алекса Перовиќ? Од каде таа огромна страст за музиката, пеењето, сцената… ?

Алекса Перовиќ: Би рекол дека Алекса Перовиќ е едно сосема обично момче од Краљево кој има добиено талент од Господ и кој сака тој подарок да го сподели со останатите. Уште од мал ме привлекуваше сцената, глумата, пеењето. Сакам кога сум на сцена и кога луѓето слушаат или го гледаат она што во тој момент го правам. Исто така, со музика се занимава и мојот татко и сестрите, па та тој начин уште од мали нозе имав прилика да слушнам како тие тоа го работат и едноставно учев од нив. Им благодарам на сето тоа!

Музика24: Какво момче беше Алекса како мал? Што те правеше посебно среќен, што најмногу сакаше да работиш и што те правеше исполнет?

Алекса Перовиќ: Бев навистина мирно дете и не сум плачел премногу. Велат дека соседите со две раце ме прифаќале кога имало потреба да ме причуваат. Кога веќе малку сум пораснал сум почнал да правам разни згоди и незгоди заедно со своите најдобри другари, со кои и ден денес останав она што бев. Најмногу ме правеше среќен кога ќе видам дека луѓето околку мене, моите драги луѓе, беа насмеани и среќни. Секако, музиката секогаш беше тука!

Музика24: Веројатно и самиот си свесен за својата убавина и за она каде и да пројдеш – девојките се вртат по тебе. Кажи ни, како се снаоѓаш со тоа и дали како мал во основно или кон почетокот на средното училиште девојките и тогаш лудуваа по тебе?

Алекса Перовиќ: (се смее) Мене сето тоа ми е многу симпатично и слободно можам да кажам ново. Немав до сега можност да видам и забележам дека девојките така реагираа на мене, иако мислам дека и сега тоа не се случува. Или сеуште не забележувам добро? (се смее) Мислам дека се започна со моето развивање, како на физичко, така и на ментално ниво, тука пред се мислам на почетокот на средното училиште.

Музика24: Одсекогаш музиката била твоја страст. Но, дали пред да влезеш во регионалниот “X Factor” имаше јавни настапи или било што од тоа?

Алекса Перовиќ: Да, имав. Се пријавив на “Ја имам таленат” и бев на едно градско натпреварување “Краљево тражи ѕвезду”. Тоа е што се однесува до моите јавни настапи досега, а се поврзани со музиката. Инаку, имав и настапи поврзани со поезијата, бидејќи исто така се занимавам и со читање поезија и успешно се натпреварувам во истото.

Aleksa Perovic Музика24: Во твоето прво претставување во “X Factor” кажа дека некогаш си бил и актер и дека сакаш и имаш желба и тоа да го работиш. Дали можеш да ни откриеш каков актер досега си бил, што сакаш да изглумиш, кој е твојот омилен жарн…?

Алекса Перовиќ: Да, ја сакам глумата! Досега се занимавав пред се со аматерска глума, но одсекогаш сакав тоа да биде на некое повисоко ниво, за жал досега недобив прилика за тоа. Досега имам играно во неколку помали хуманирани претстави и премногу сум горд на тоа. Би сакал еден ден да добијам повик и за нешто повеќе, како би можел да го покажам својот талент во вистинско светло! Инаку, мојот омилен жарн е авантура/комедија, иако секако, сакам и љубовни комедии (се смее).

Музика24: Кој беше главниот “виновник” што Алекса Перовиќ беше дел од големото регионално тв шоу “X Factor”? Кој всушност те пријави?

Алекса Перовиќ: Овој пат јас сум “виновникот” за пријавувањето во ова шоу. А моето семејство и пријатели секако носат дел од таа “вина”, бидејќи во сето тоа тие ме подржаа и максимално ми помогнаа. Им благодарам до небо за сето тоа!

Музика24: Знаеме дека беше дел од екипата на менторката Емина Јаховиќ – Сандал. Кажи ни, дали можеби беше ти беше единствениот нејзин миленик од оваа група?

Алекса Перовиќ: Емина никогаш не правеше разлика помегу нас, нејзините натпреварувачи, така да миленик воопшто немаше. Сите бевме подеднакви и навивавме еден за друг и се плашевме за другиот, како ние да излегуваме од шоуто.

Музика24: Откако ќе завршеше еден live, колку денови и колку време се подготвуваше за следниот? Кој ја одбираше песната која што ја пеевте на сцена?

Алекса Перовиќ: Колку дена вежбав за новата песна, зависеше од тоа кога ќе ја добијам песната за следниот live. Во изборот на песната секогаш свое влијание имаше Емина како наш ментор и некој кој што има многу поголемо искуство од сите нас и знае што би можело да успее и секако продукцијата која што или го одобруваше или не она што Емина го имаше како замисла. Секако, Емина се консултираше и со нас во врска со песната и на крајот заедно доаѓавме до најдоброто решение, односно избор на песна.

Музика24: Емина беше твоја менторка. Многумина знаеа да кажат дека некако чудно сте Вие двајца поврзани. Кажи ни каква е Емина како личност, како менторка?

Алекса Перовиќ: Тешко е да се најде вистинскиот збор како и на кој начин може да се пофали Емина и да се кажат сите нејзини добри работи која она ги поседува. Навистина е една прекрасна личност и одличен ментор! Денес се премногу ретки таквите луѓе.

Музика24: Додека пееше и беше дел од сцената на “X Factor”, за што размислуваше? Дали си можеби убаво облечен или дали и таа вечер ќе ги освоиш женските срца?

Алекса Перовиќ: Размислував за се, а најмногу за тоа да се поврзам со песната која ја пеам, бидејќи на тој начин сигурно ќе ги задоволам очекувањата на мојата менторка и на секако на публиката. Така да, мислам дека тоа е клучот и до добар изглед, мислам на самодовербата, и секако до освојувањата на женски срца (се смее).

Aleksa PerovicМузика24: Дали досега си се обидел да отпееш и нешто друго? Дали пееш или би пеел и други жанрови на музика, како на пример фолк музиката?

Алекса Перовиќ: Секако дека досега сум пробал. Сеуште не сум врзан за некој посебен жарн на музика. Тоа веројатно во иднина ќе биде, но сега навистина не ми е тешко да пеам било што. Сакам да запеам понекогаш и некоја народна песна, но тоа обично се оние стари, добри, убави песни. И искрено, не се срамам од тоа.

Музика24: Што мислиш ти, кој е “X Factorot” кој што треба и мора да го има една вистинска професионална ѕвезда? Дали Алекса го поседува тој “X Factor”?

Алекса Перовиќ: Искрено, мислам дека едноставно во денешната музика и шоу бизнис најважно е да им го привлечеш вниманието на останатите, на публиката и секој пат да им понудиш нешто ново. Ако публиката однапред знае што може да очекува од Вас и што и како има да понудите, тогаш со текот на времето ќе им станете досадни. Секогаш е потребно да се работи нешто ново, но сепак, тоа ново да не излегува од нормалното и човечкото. Инаку да, мислам дека го имам “X Factorot” во себе, а дали е тоа вистина ќе го потврдат годините кои доаѓаат.

Музика24: Дали имаше некоја амајлија или нешто слично што сметаше дека мораш или сметаш да го направиш пред да се појавиш на сцената и ја отпееш твојата песна?

Алекса Перовиќ: Немам. Зависи од тоа како ќе ми дојде. Некогаш сакам да се изолирам така што ќе пуштам мотивациони снимки и говори пред излегување, а некогаш пак сакам со шега да дојдам до бината и со насмевка да излезам на истата. Иако, секогаш низ мислите ми поминува семејството и желбата за успех.

Музика24: Дали откако се појави на “X Factor” имаш добиено непристоен предлог од некое момче или пак девојка?

Алекса Перовиќ: Досега од момчиња немам добиено таква понуда. А од девојки… хм, па сигурно ги имало, но јас ретко стигнувам да ги отворам сите пораки, така да досега немам сретнато таква понуда (се смее).

Музика24: Кој сметаш дека има големи шанси да победи во ова прво од ваков тип, големо регионално тв шоу “X Factor”?

Алекса Перовиќ: Сите имаат шанси. Неверојатно е колку се само сите добри во она што го прават и колку навистина имаат шанса за победа. Иако сметам дека победата не е главен мотив, поточно, не треба никому ни да биде.

Музика24: Искрено, дали сметаш дека на некој од финалистите не им е место во “X Factor”?

Алекса Перовиќ: Мислам дека веќе не постои таква личност. Ако досега имаше, сигурно повеќе ја нема. А мислам дека жирито донесе ослична одлука за тоа кој треба, а кој не да го продилжи своето натпреварување уште во таканаречениот Boot Camp.

Музика24: Кога немаше вежби, проби на новите песни и слично, како го пополнуваше слободното време кое Ви беше однапред испланирано?

Алекса Перовиќ: Одев до градот со Лукијан, шетавме, ќе седневме некаде на кафе. Инаку, свирам гитара, пишувам… Или одам кај Даниел и му покажувам како се игра Fifa (се смее).

Aleksa PerovicМузика24: Освен тоа, дали имаш некое свое хоби, дали спортуваш?

Алекса Перовиќ: Да, сакам да спортувам. Сакам фудбал, кошарка, одбојка, тенис, стони-тенис. Во последно време се заљубив во Snooker, тоа моментално ми е најубавиот спорт (се смее).

Музика24: Дали сметаш, според тебе, дека секоја професионална ѕвезда мора и треба да ги пее сите жанрови на музика, како што на пример нашиот Тоше Проески го правеше тоа, односно, пееше и поп и фолк и рок и опера?

Алекса Перовиќ: Мислам дека тоа е голем плус, но, не мора така да биде. Ако еден пејач се пронајде во еден жарн на музика, а истовремено тоа им се допаѓа на повеќето од публиката, тогаш не би требало да се отстапува од својот жарн. Иако повторно ќе напоменам, секако дека е добро кога пејачот е способен, знае и умее секоја песна да ја изведе, неважно за кој жарн станува збор.

Музика24: Многу од веќе познатите ѕвезди на овие простори сакаат својата кариера и популарност да ја стекнат преку разно разни скандали и трачеви, како размислуваш ти за сето тоа?

Алекса Перовиќ: Секој се снаоѓа и го работи она што мисли дека е правилно. Ја почитувам секоја одлука, но, јас лично не би сакал мојата кариера да се гради врз база на веќе споменатото.

Музика24: После се, имаш ли време да го посетиш твојот роден град Краљево и малку да се одмориш и опуштиш од се?

Алекса Перовиќ: Искрено, долго време не бев во моето Краљево, но моментално сум тука и уживам во својот град. Продолжив со училиштето и за неколку месеци повторно се враќам во Белград, засекогаш.

Музика24: Доста веќе познати имиња откако станаа она што се денес буквално се сменија. Дали ти ќе останеш она што си сега или веќе си друга личност, бидејќи веќе си познат?

Алекса Перовиќ: Ќе дадам се од себе да не се променам. Сега за сега успешно успевам во тоа и мислам дека ќе успеам до крај, колку и да станам популарен. Едноставно, моите драги луѓе одсекогаш тоа ми го говореа, и ден денес тоа го прават, да не се менувам никогаш и да останам Алекса Перовиќ кој одсекогаш го познаваат. Така да ќе ја послушам нивната одлука, сигурно! А Вие ако забележите дека сум се променил слободно може да ме предупредите (се смее).

Музика24: Кое е твоето животно мото кое што со години го пратиш, кое ти дава енергија и сила за секој нов ден?

Алекса Перовиќ: Секој ѕид има две страни и за мене чашата секогаш е полу-полна, а не полу-празна. Секогаш верувам дека во секоја работа има нешто добро, добра страна. Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора!

Музика24: За жал, повеќе не си дел од “X Factor”, но не е се завршено, нели?! Кажи ни кои се твоите идни планови? Дали планираш да продолжиш со пеењето и кој би бил твојот жарн во кој што се гледаш?

Алекса Перовиќ: Би сакал да снимам сингл, а се надевам дека тоа ќе се случи наскоро и дека на публиката ќе и се претставам како Алекса Перовиќ со свои песни. Што се однесува до жанрот на песните, би сакал тоа да биде поп  кој пред се мене ќе ми одговара, а секако ќе им се допаѓа и на мојата публика. Едноставно, морам да направам баланс помеѓу она што јас го сакам и она што публиката сака да го слуша. Мислам дека тоа е идеална комбинација. А кој жарн поточно ќе биде, останува да почекаме уште малку па ќе видиме (се смее).

Музика24: И како за крај на нашето интервју, како и на кој начин би ги поздравил сите свои фанови во Македонија и сите оние кои го читаат специјализираниот македонски музички портал Музика24?

Алекса Перовиќ: Анѓели, Ве сакам и навистина ми е драго, бидејќи го почитувате она што јас го работам. Се надевам дека ќе бидете со мене и понатаму и дека ќе Ве има во уште поглем број. Би сакал да дојдам во Македонија, бидејќи досега никогаш не сум бил, а мислам и дека е ред, зар не? (се смее). Поздрав од Алекса!

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: