Covers

24 Covers: Филип Божиновски – “Да је туга снијег” (Дино Мерлин)

Македонскиот пејач Филип Божиновски кој сите го паметиме по одличните настапи во “Ѕвездите на Гранд”, како и по рефрените кои ги пееше, пред неколку дена на својот YouTube канал објави нова песна, односно преработка (ковер) од познат балкански пејач и уште попознат хит. Станува збор за одличната и емотивна балада “Да је туга снијег” од Дино Мерлин, песна која што ретко кој се обидува да ја отпее и да сними ковер за истата. Ете нашиот Филип тоа го направи и рака на срце ја постигна својата цел, односно, одлично ја отпеа песната која што секому буди емоции, чувства и сеќавања кон љубовта која што ја имал.

Да не должиме премногу, во продолжение погледнете ја преработката на Филип и одлучете сами дали сме во право или не.

Подготви: Дениза Илиевска

Можеби ќе ве интересира: