Александра Јанева сними кавер за песната “Ако ме сакаш” (Видео)

Неодамна Александра Јанева и гитаристот Тино Стојановски направија нова верзија на “Ако ме сакаш” од Лина Пејовска. Преработката е објавена во пресрет на новото издание на “Макфест 2018” кое ќе се одржи од 4-ти до 6-ти октомври. “Оваа ќе биде нашата последна преработка од летниот проект #summerjam. Изведбата е во чест на хитовите кои ги дава најголемиот фестивал во Македонија. Според мене, “Ако ме сакаш” беше апсолутниот хит oд “Макфест” минатата година”, вели Александра која настапуваше на ланското издание на фестивалот како гостин во ревијалниот дел. Со изведбата на песната Лина Пејовска во Штип ја доби наградата за дебитант на годината. Во текот на летото, Александра Јанева заедно со Тино Стојановски и бендот 2Be ги обработија: “Херој”, “Километри” и “Us”. Подготви: Редакција Музика24
Повеќе на Музика24...