Културо

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7-ми и 8-ми март со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело Кирил Јосифов.

Во главните улоги на 7-ми март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. За првпат во главните улоги на 8-ми март ќе настапат: Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.

Можеби ќе ве интересира: