Културо

Голем настап на Македонската филхармонија заедно со Феми Кути на Калемегдан

После големиот скопски концерт кој што Македонската филхармонија го имаше на отворено, односно, во Градскиот парк насловен “Филхармонија на отворено”, тие сега заедно со светски познатиот африкански музичар Феми Кути и неговиот бенд “Позитив форс” ќе настапат во Белград во 13-ти септември на Калемегдан. На овој концерт ќе настапат повеќе од 70 музичари, а на истиот а ќе диригира Џијан Емин, кој воедно ги направи и специјални аранжмани на композициите.

Српските медиуми пренесуваат дека фантастичната атмосфера која Феми Кути ја создава на своите концерти е добро позната за нивната публика, бидејќи има настапено пред неколку години на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и лани на БЕЛЕФ.

“Она што особено ќе ги израдува фановите е дека на претстојниот концерт ќе бидат изведени најголемите хитови на Кути од десетте досега објавени албуми, од кои четири беа номинирани за Греми”, пишуваат медиумите во Србија.

“Ова е првпат во мојата кариера да соработувам со симфониски оркестар. Отсекогаш сонував за тоа и ова е врв на мојата кариера. Подготовките за овој огромен проект ги почнавме пред две години. Музиката е универзален јазик и соработката со Џијан одеше навистина лесно”, изјави познатиот музичар Феми Кути. Инаку за него Џијан Емин ќе рече дека прв пат имал прилика да го слушне на Скопскиот џез фестивал пред 14 години, и дека е посебно среќен што после две години се реализира овој долго организиран и планиран проект.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: