Културо

„Почеток“ – нов концерт на оркестарот на Македонска филхармонија

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. На концертот насловен „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија.

На програмата се симфониска поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.

Можеби ќе ве интересира: