Музика на кирилица

Се снима нова химна за Куманово (Фото)

Изминатите три дена, на неколку значајни локации низ Куманово се снимаше видео записот за новата химна на градот, „Ода за Куманово“. Новата химна е во изведба на Нино Величковски, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски, Драгана Јовановска, Марио Арангеловски, Ивона Јовановиќ и новиот состав на „Октет Куманово”. Овој проект во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово со поддршка од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: