Музика на кирилица

Додека го подготвува својот најнов албум, Влатко стефановски пишува и мемоари (Видео)

Легендарниот македонски гитарист и композитор Влатко Стефановски, во интервју за емисијата „U svom filmu“ на HRT откри дека го комплетира новиот албум кој ќе се вика „Muscle Memory“.

Новиот материјал, за кој гитарскиот виртуоз вели дека го работи без брзање и временски рамки, треба да биде објавен за неколку месеци. Покрај новиот албум, Влатко откри дека пишува автобиографија. Вели дека сфатил „дека е многу деликатно да се префрлат на хартија некои лични моменти, длабоки емоции и ситуации кои биле драматични или еуфорични“ и дека неговиот живот бил вистински Roller coaster.

Истакна дека има напишано 60 поглавја, но сè уште му недостасуваат некои од најтешките моменти и дека му требаат уште две или три поглавја за да ги заврши мемоарите.

„Сè уште го средувам ракописот пред да го поднесам до уредниците и лекторите“, изјави Влатко, кој напомена дека пред да почне да ја пишува својата, прочитал стотици биографии на многу познати личности. Влатко Стефановски отворено зборува и за повеќе лични моменти како загубата на родителите, сопругата и братот, за состојбите во Македонија, за љубовта кон музиката и за генерацискиот јаз.

Во продолжение, погледнете ја емисијата во целост:

Можеби ќе ве интересира: