Музика на кирилица

Елена Ристеска гостинка на концертот на Хари Мата Хари во Белград

Македонската пејачка Елена Ристеска беше специјална гостинка на концертот на Хари Мата Хари во Белград, кој што се одржи вчера 8ми март во познатиот “Сава центар”. Елена и Хари од неодамна го имаат дуетот “Још ме плашиш”. На  концерт кој се одржа на Денот на жената, Елена и Хари премиерно го отпееа дуетот во живо. Заедно со Елена, гостинка му беше и познатата српска поп пејачка Јелена Томашевиќ, со која Хари исто така има снимено дует.

Спотот за “Још ме плашиш” се доврши минатиот месец во Белград, а претходно се снимаше и во Скопје, неговата промоција се очекува наскоро.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: