Музика на кирилица

Даниел Кајмакоски: Кога го имаш народот, имаш крилја со кои можеш да леташ

Даниел Кајмакоски со композицијата “Лисја есенски” ќе ја претставува Македонија на 60-то јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија 2015– та, во Виена, Австрија. Вака одлучија гледачите преку телевоутинг и членовите на меѓународно стручно жири од седум Европски радио – дифузни сервиси, во однос 50:50 проценти, според Евровизискиот принцип на одредување на победникот.

Во годината на своите значајни јубилеи, 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија, на сцената на “Метрополис” арената во Скопје, се одржа Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014. Дваесет македонски музички ѕвезди настапија во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ, а според официјалните резултати, тројцата првопласирани изведувачи се:

  1. Даниел Кајмакоски – “Лисја есенски” (Музика: Јоаким Персон; Текст: Александар Митевски, Даниел Кајмакоски; Аранжман: Бобан Апостолов, Александар Митевски, Далибор Грубачевиќ)
  2. Тамара Тодевска – “Брод што тоне” (Музика/ Текст/ Аранжман: Роберт Билбилов)
  3. Евгенија Чанчалова- Еги – “Да не те сакам” (Музика: Глигор Копров; Текст: Јелена Булинац; Аранжман: Владимир Дојчиновски)

На тројцата првопласирани изведувачи им следуваат вредни парични награди: 20 илјади евра во денарска противвредност за првопласираната, 10 илјади за второпласираната и 5 илјади евра во денарска противвредност за трето пласираниот инерпретатор и композиција.

Дека постојат верни фанови кои секаде го следат Даниел Кајмакоски екипата на Музика24 се увери вчера вечер кога одеднаш се појави неговиот најголем фан, кој што речиси е секаде каде што Даниел настапува, има свое појавување. И самиот Даниел рече дека ова е неговиот најголем фан кој што е секогаш покрај него и кој што му ја дава најголемата подршка.

Daniel Kajmakoski_najgolem fanПобедникот Даниел Кајмакоски по неговиот настап, ексклузивно за Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ја даде следната изјава:

“Многу е важно за еден уметник да не си поставува граници, сигурно можев подобро да отпеам. Имавме многу малку проби, тоа можеби е една од причините зошто не сум задоволен од мојот настап, но сепак се надевам дека на публиката и се допаѓа. Тоа што јас го чувствувам е дека народот сеуште ми ја дава таа подршка која ми ја дава од првиот ден на аудицијата. Тоа е навистина нешто што никогаш нема да го заборавам, едно фантастично чувство да имаш таква поддршка. Кога го имаш народот на своја страна навистина имаш крилја со кои можеш да леташ многу далеку. Притисокот е постојано голем, но се израмнува со љубовта која ја примам и тоа исто ме носи понатака, ми дава сила за се. Сепак Скопскиот фестивал беше нов терен за мене, како што велат дома или кај своите се секогаш најтешко да се пее. Така ми беше мене вечерва, но сепак уживав и се надевам дека уживаше и публиката”, изјави Кајмакоски за Музика24.

Daniel Kajmakoski_izjavaА на прашањето доколку победи на Скопскиот фестивал и ја претставува Македонија на Евровизија во Австрија, колку е тоа олеснителна околност за него знајќи дека тој таму има пораснато и едноставно Виена е неговиот втор дом, односно, град каде што некогаш живеел, каква песна би пеел и дали има поддршка од своите пријатели, блиски… Даниел на тоа на нашата новинарска екипа и одговори:

“Барем за сместување нема да морам да трошам пари (се смее). Ќе имам малку повеќе време да се видам со мајка ми, бидејќи многу ми недостига, а знам дека и јас на нејзе многу и недостигам. Оваа ситуација и за двјацата е тешка, но знам дека ме подржува и ми посакува се најубаво. Ќе ми биде голема чест да ја претставувам Македонија на Евровизија во Виена. Пред неколку дена дознав дека имам поддршка и од австриските медиуми кои не ме заборавиле, иако мојот настап беше пред 12 години всушност тоа беа и моите први почетоци, сепак за тамошната публика не сум анонимен и имам поддршка како од нив така и од сите мои пријатели, роднини и блиски луѓе. Инаку, песната која што би трњбало да не претставува на Евровизија, според мене, треба да е модерна, комерцијална, прифатлива, едноставна, а истовремено прекрасна и убава. Порано навистина ми се допаѓаше за тоа што сите земји пееја на ист јазик, тоа некако за мене ја одбележуваше Евровизија, но сепак мислам дека не би било лошо да се претставиме на англиски јазик, со добра песна, со добар англиски текст… многу повеќе луѓе тоа го разбираат, не дека не е убаво да пееме на македонски, но би можеле да се обидеме нешто и на англиски да направиме. Ако би одел јас на Евровизија 99,9 посто би пеел на англиски да викам колку можам така да постигнам, би било интересно”, додаде Даниел Кајмакоски победникот на Скопскиот фестивал, а воедно и новиот Евровизиски претставник на Република Македонија кој ќе не преставува на јубилејното 60-то евровизиско издание кое следната година ќе се одржи во Виена, Австрија.

Подготви: Иван Јосимовски

Фото: Музика24.мк / Телеграф.мк

Можеби ќе ве интересира: