Музика на кирилица

Мијата ја преработи песната “Бај Бај” на групата “Буба Мара” (Видео)

Дали некогаш додека сте се возеле во автомобил или градскиот превоз, се случило од нигде никаде да ја слушнете онаа хит песна “…само кажи бај, бај и заборави се”? Да, токму таа песна која групата “Буба Мара” за прв пат ја изведе на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест” во далечната 1988 година, денес, нашата позната македонска пејачка Мијата ја преработи и ја изведе во свој секогаш препознатлив стил.

Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата. Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.

“Ова е прв пат да преработам македонска песна, а токму оваа претставува за мене емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација”, вели гордо Мијата. Како Директор на фотографија & дрон се потпишува Јован Лесански, додека постпродукција имаше чест да ја направи Аце Бошковски.

За тоа како звучи легендарната “Бај Бај” во изведба на Мијата, погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: