Музика на кирилица

Ексклузивно: Новинарката Парго се поттури со кофа со лед (Видео)

Новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго е првата македонска новинарка која го прифати предизвикот на донирање преку леден предизвик, поттурување вода со мраз врз глава. Специјално за Специјализираниот македонски музички портал Музика24, таа ја прифати номинацијата од Фабрицио Василевски кај Феудалната кула на Мајка Тереза, и на 5-ти септември, на денот на упокојување на Мајка Тереза таа повика на хуманост. За Музика24 таа даде и ексклузивна изјава:

“Неколку денови се мислев дали да го прифатам овој предизвик, кој е хит во светот. На прв поглед ми изгледа недоволно хумано некој да се “забавува” , додека друг боледува и страда. Од друга страна, пак, кога станува збор за хуманост не е битен начинот на кој се собираат пари, битно е да се соберат и да се употребат во нечија корист . Светот собра милиони од овој потфат, а јас, во рамките на моите можности, донирав преку телефонски повик. Воедно ги повикувам и читателите на овој специјализиран музички портал да донираат колку што можат, да донираат, макар и со еден телефонски повик. Некому му е од важност”, рече новинарката Валентина, на Facebook позната под псевдонимот Валита Хефнер Кидис. Таа ги номинираше нејзините идоли од светот на шоу бизнисот: Хју Хефнер, Тина Тарнер и Ентони Кидис од планетарно славниот алтернативен рок бенд “Ред хот чили пеперс”.

Во продолжение, погледнете го видеото кое новинарката ексклузивно го сними со екипа на музичкиот портал Музика24.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: