Музика на кирилица

“Приземје” со најава за нов албум

“Приземје” ви го претставува нивното ново live video за песна “Повеќе не сонувам”, кое е и воедно последната најава од нивниот деби-албум насловен “Во рамки на реалност”. Преку ова видео “Приземје” ве поканува на промоцијата на нивниот деби албум која ќе се одржи на 18-ти мај сабота во Stage Café во познатиот Сити Мол со почеток од 20 часот.

“Приземје” е рап група создадена во 2009-та година а нејзини членови се Мики, Марио и DJ Ајри Скреч. Најпрво Мики Миноски и Марио Милески како соло артисти доаѓаат до идеа да ја оформат оваа група на која нешто подоцна и се приклучува и Дарко Андонов и тројцата почнуваат да соработуваат, секој со свој удел во екипата. Имаат настапувано низ повеќе скопски клубови како што се Хавана, Кастро, Б2, како и низ многу градови во Македонија на пример Тетово, Штип и многу други. На 1-ви април 2012-та година беа предгрупа на легендарниот Keith Murray (Def Squad).

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: