Музика на кирилица

“Суперхикс” прославија 20 годишен јубилеј

Вчера популарниот македонски, а сепак светски познат бенд “Суперхикс” прославија 20 години постоење на музичката сцена. 20 годишниот јубилеј тие го прославија со новиот албум “Superhiks The Best of 20 so far”, кој, всушност претставува компилација од сите нивни најголеми хитови.

“Ви благодарам на сите што дојдовте во толку голем број за заеднички да ја одбележиме нашата дводецениска работа. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме и да свириме. Ова се само првите 20 години од нас, имаме уште за давање”, на овој начин Пеце од “Суперхикс” ја започна прес конференцијата. А веднаш потоа, присутните имаа можност да уживаат во нивните најголеми хитови, кој овој бенд ги отсвири и исполни во живо.

Инаку на новиот албум се наоѓаат 18 големи хитови, меѓу кои слободно може да ги споменеме: “Раде”, “Африка”, “Знам дека љуби”, “Глупави песни”… Новиот компилациски албум е во издание на “Југотон рекордс”, а за дизајнот на истиот, се погрижи Гоце Лалковски.

Подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: