Музика на кирилица

Тајзи со хуманитарен концерт во Куманово

Во недела 6-ти јули, со почеток во 20 часот Тајзи ќе одржи хуманитарен концерт за Ивана Величковска. Истиот ќе се случи во Домот на културата – Трајко Прокопиев, во Куманово. Влезните билетите за концертот изнесуваат 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на Ивана.

Ивана Величковска боледува од леукемија и своето лекување мора да го продолжи во Германија. Овој, хуманитарен концерт на Тајзи е апел до сите граѓани кои се во можност да помогнат и официјална покана за концертот до сите жители на општина Куманово. За време на концертот и потоа може да донирате на телефонските броеви: Т-Мобиле: 143 144 и ВИП: 143 772

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: