Премиера

24 Промо: Галин – “Момче без срце” (Видео)

Галин е момчето кое неодамна стана дел од Пајнер продукција во Бугарија. Новиот видео спот за песната “Момче без срце” тој го промовираше на официјалниот youtube канал на музичката бугарска телевизија Планета. Музиката е дело на Јорданчо Василкоски – Оцко (македонски познат продуцент), додека за текстот се погрижија Лора Димитрова и Јордан Ботев. За реализација на видеото Галин својата доверба му ја даде на режисерот Љодмил Иларионов – Љоси со кого работи за прв пат. Во видеото учествуваат и две прекрасни маникенки Бојана Маринова и Сибел Килехалил.

“Им благодарам на сите кои учествуваа во реализацијата на спотот, на целата екипа за подршката, за тоа што се трудеа се да биде далеку од професионално”, изјави Галин за бугарските медиуми. Во продолжение погледнете го новото видео од ова младо момче.

Подготви: Марија Поповска

Фото: ТВ Планета

Можеби ќе ве интересира: