Во прв ред

Ѕвездите од “X Factor Adria” на “Златни денови” во Кратово (Видео)

Од 20-ти до 22-ри јуни во Кратово по прв пат ќе се одржува масовната музичко-културна манифестација “Златни денови”, на која ќе има најмногу музика, но и изложби, поезија и други забавни и културни содржини. На 20-ти јуни на плоштадот во ова малечко, но убаво гратче ќе настапат ѕвездите на “X Factor Adria”, “Тајфата”, “Љубојна”, DJ Babura, DJ Bobi, DJ Brancez. Во саботата на 21-ви јуни, следува Европски тамбурашки фестивал, потоа настап на “Оџила” и DJ Sorti. Во недела пак, на програмата е детската улица односно детска програма. Уметнички директор на овој музичко-културен настан е Ристо Самарџиев.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: