Во прв ред

Лозано, 2Бона и “Амадеус бенд“ на “Преспански јаболкобер“ (Видео)

Општина Ресен ја објави програмата за овогодинешниот “Преспански јаболкобер“ кој ќе се одржи од 26-ти до 27-ми септември. Популарниот српски бенд “Амадеус”, популарниот Влатко Лозаноски и 2Бона се носители на забавната програма на градскиот плоштад. Покрај нив ќе настапат: Кристина Арнаудова, “Инстинкт“, “Реприза“, “Екстраваганза“ и повеќе културно уметнички друштва.

https://www.facebook.com/resenmunicipality/videos/391528978197013/

Покрај музичкиот дел традиционално ќе се одржат меморијални турнири во повеќе спортови, театарски претстави, трибини и др. Во музичкиот дел на фестивалот изминатите години настапија многу познати изведувачи од земјава и регионот како: “Црвена Јабука”, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лозано и многу други.

Следете го музичкиот портал Музика24 за уште ексклузивни информации.

Можеби ќе ве интересира: