Во прв ред

Македонија го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп (Фото)

Светскиот ден на лицата со хендикеп 3-ти декември, беше одбележан со хуманитарен концерт “Аплаузи” под мотото “Сакам да пеам можам да пеам – сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм” вчера вечер во Универзалната сала. Концертот беше во организација на хуманитарното здружение “Кралицата Есма и Стево Теодосиевски” во партнерство со Универзална сала, а настапија деца од специјалните училишта, иснистуции и домови во Република Македонија. Покровител на третиот хуманитарен концерт “Аплаузи” е министерот Диме Спасов, министерство за труд и социјала.

Пораката на оваа манифестација не е само да се одбележи денот и да се направи некаква донација, туку да се подигне нивото кај сите граѓани со пораката “Ние сме исто, мојот свет и твојот свет е наш свет”. Со музички настапи и перформанси настапија деца од: ПОУ “Иднина”, ПОУ “Златан Сремец”, “Завод за Рехабилитација на деца и младинци”, Ј.У. Детски дом “11 Октомври”, ДСУ “Свети Наум Охридски”, ДУЦОР “Патенија Зоографски”, СОС “Детско село”, ПОУ “Маца Овчарова” – Велес, Завод за рехабилитација “Кочо Рацин” – Битола, Хуманитарна Асоцијација “Светот на дланка”, Ј.У. “Демир Капија”, Здружение на лица со телесен инвалидитет “Скопје Мобилност”.

Humanitaren koncertНа концертот настапија и познати музички имиња кои ја збогатија програмата: Влатко Илиевски, Новица Василевски и Татјана Лазаревска, Есма Реџепова, Sarah Mace, Ансамбл “Кочо Рацин”, Дарко Илиевски, Димитар Андоновски, Вејчеслав Поповски.

Настапот на дечињата ги стоплија срцата на присутните во Универзална сала, и беа поздравени со грмогласни аплаузи што е уште еден доказ за успешно одбележување на овој значаен ден. Соберените средства од билетите се наменети за децата со посебни потреби од сите институции кои настапија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: