Во прв ред

На 16-ти ноември урнебесна вечер со комичарот Богољуб Митиќ-Ѓоша (Фото)

За првпат во Македонија гостува еден од најдобрите српски комичари во изминатата деценија Богољуб Митиќ-Ѓоша со своето феноменално и фуриозно “Ѓоша-шоу”. На 16-ти ноември во 20 часот во Домот на АРМ ќе ве смее до плачење или како што тој вели: “Ќу ве смејем до плакање, тој ви је од Ѓоша обеќање”.

Bogoljub Mitic Djosa_posterЃоша произлегува од најпознатата српска комичарска средина, градот Власотинце на југот, од кој доаѓаат феноменалните филмски ликови: Среќко Шоиќ, Боривоје Шурдиловиќ од Вруќ Ветар, Тута Бугарин, Камионџии, и многу други. Ѓоша гарантира феноменална вечер за неверојатна цена на картата од само 250 денари како голема премиера за прв пат во главниот град, Скопје и Република Македонија. Бројот на картите е ограничен поради спонзорите, па затоа купете си веднаш на продажните места на kupikartizase.com ширум државата.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: