Во прв ред

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 прославува 3 години

Специјализираниот македонски музички портал Музика24, на македонскиот интернет простор постои од 1-ви декември 2011-та година, кога се почуствува поголема потреба за  афирмативно електронското анимирање на онаа читателска публика која веќе наголемо ги следеше технолошките придобивки на новиот век и која во брзиот начин на коресподенција се почесто го користеше интернетот како информативна опција. Идејна опција беше да се следи пред се македонската музичка сцена и се она што е актуелно или надежно, но истовремено и да се негуваат потврдените вредности преку кои не препознаваат насекде во светот.

Следејќи ги  импулсите на современото  времетечение се прошири концептуалната потреба и Музика24 стана портал кој со ист интензитет  ги информираше своите читатели за  балканската но и светска музичка сцена селектирајќи ги  информациите според актуелноста и барањата на својата читателска публика  која недвосмислено ја  координираше атрактивноста на самиот портал. Новинарската и техничка екипа која е задолжена за овој сајт, кој успешно функционира полни три години како императив го има вкусот на помладата публика, а бидејќи музиката не познава бариери и ограничувања посебно сме горди на тоа што овој портал го следат различни старосни групи на читатели, а на тој начин  добиваат  и нови препораки на кои сме особено горди.Logo_Muzika24Младиот  тим на новинари кои со невидена страст и ентузијазам ја започнаа оваа приказна  пред 3 години во изминатиов период постојано беше присутен на сите јавни настани во земјата и регионот следејќи ги од прв ред  и информирајќи ја својата публика навремено и точно. Основните новинарски постулати да се биде секогаш на време на лице место на настанот и да се информира читателот реално и без прикриена позадина беа и останаа основен кодекс според кој функционира овој портал. Се чини дека тоа го препознаа и посетителите па така се повеќе се остварува интерактивниот пристап со кој и полесно се следат желбите на читателите.

Музика24 својата релевантност ја има потврдено и со медиумското покровителство на повеќе музички настани како што е “Пиво фест”, “Охрид Фест”, “Макфест”, “Фолк Фест Валандово”, “МАРС” итн. Постојаното музичко делување на групи и поединци, творењето и делувањето на музичките актери го предизвикуваат овој портал и понатаму да биде еден од  најсеопфатните и уважени музички портали во регионот и постојано да се надоградува во технолошка и естетско-функционална, но и информативна смисла како гласило кое е  во функција на своите корисници. Музика 24 и понатму останува посветена  на музиката и на сите радости што таа со себе ги носи.

Подготви: Билјана Крнечска

Можеби ќе ве интересира: