Во прв ред

Покана: “Тумбао Салса Бенд” Ве повикуваат на незаборавен концерт

Доколку сте љубител на латино звуците и на кубанскиот ритам, веднаш знаете кој македонски бенд е уникатен во пренесување на позитивните вибрации од Куба кај публиката пред која настапува. “Тумбао Салса Бенд” е составот кој моментално е најбаран речиси на секоја прослава, концерт, свадба, фестивали… И тоа токму поради веселата разиграна музика која е заштитен знак на бендот, а самото име Тумбао е всушност основниот ритам во динамичната кубанска музика.

Спојот на салса и македонскиот мелос се покажа како добитна комбинација, а како резултат на позитивниот фидбек од публиката настана албумот “Бела Салсита” на кој се наоѓаат 11 песни, од кои неколку преработки на стари македонски песни, неколку авторски и една преработка на стара кубанска мелодија.

Tumbao salsa bendЧленовите на бендот: Петар Ренџов, Сенад Усеин, Алек Секуловски, Горан Гешовски, Марко Де Одорико, Билјана Ѓошева, Мартина Христовска и Арсо Јаневски кои веќе неколку години успешно ја пренесуваат позитивната енергија од една далечна култура ќе пробаат преку својата музика да ни ги донесат кубанските палми песок и море во Универзална Сала, а на македонската публика да и приредат врвно концертно уживање.

Концертот е закажан за 4-ти март, а на 10-ти фебруари во ресторанот “Пелистер” ќе има и официјална промоција на материјалот од албумот, 30 минутен видео материјал снимен во клубот “Миднајт”, како и најава за се она што ќе се случува во Универзална Сала на почетокот на март.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: