Во прв ред

Утре вечер во градскиот плоштад во Кочани – голем велигденски концерт во живо (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, утре 16-ти април ден Велигден, во градскиот парк во Кочани ќе се одржи голем велигденски концерт во живо во организација на општината Кочани, а на истиот ќе настапат познати музички имиња од македонската музичка сцена, како и нови музички имиња за кои допрва ќе се дознава и пишува.

Во 18 часот ќе настапат ЕРА ѕвездите а тука ќе ги вброиме: Мартинијан Кириловски, Мите Стоилков, Ана Петановска, Џенгис Мемедоски, Тамара Грујовска, Мелани Тарчуловска и Стефан Манасиевиќ.

Веднаш по нив, на сцената во 20:30ч. ќе настапи Елена Ристеска, нашата најпозната и најбарана македонска поп пејачка. Таа присутната публика ќе ја забавува со своите добро познати хитови кои сите ние добро ги знаеме и се уште ги пееме.

Доколку патот ве води кон Кочани, моментално сте во овој град или живеете во околината и околните градови, со задоволство ви предлагаме да бидете дел од овој голем велигденски концерт и да поминете една убава прекрасна музичко-празнична вечер.

Можеби ќе ве интересира: