Во прв ред

Во четврток во Кисела Вода: Роденденски концерт на „Нокаут“ по повод 68 години Општина Кисела Вода (Фото)

Општина Кисела Вода во четврток ќе го одбележи својот 68 роденден, а по тој повод ќе има низа случувања. Дел од нив ќе бидат со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти, а ќе има и дел посветен на културата, музиката и забавата.

„Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата „68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува сè подобра“, информираат од општината.

После хуманитарната „Kоријада“ во паркот Шопен, сите пред салата Расадник. Од 18 часот ќе има “Битка на бендови”, а од 21 часот, во вечерната програма, најпрво атмосферата ја загрева DJ Mats, за веднаш по него, од 22 часот, голем концерт да одржи групата „Нокаут“.

Можеби ќе ве интересира: