Во прв ред

Во недела првата емисија од новото тв шоу “Вечер со Весна” (Фото)

Како што веќе пишувавме неодамна, познатата македонска актерка, водителка и stend up комичарка Весна Петрушевска, започна со снимање на своето ново тв шоу наречено “Вечер со Весна”. Шоуто ќе се емитува на националната ТВ Алфа и тоа започнувајќи од 4-ти мај (недела) со почеток во 19.15. Во овој нов тв проект, кој рака на срце, недостасуваше на македонските тв екрани, ќе гостуваат многу познати македонски јавни личности, пејачки, пејачи, композитори, актери, спортисти… како и познати и помалку познати јавни личности од Балканот, а и пошироко.

Vecer so Vesna1Во првата емисија од “Вечер со Весна” ќе имате можност како први гости да ги погледнете познатиот поп пејач Ѓоко Таневски и еден од најпознатите актери и тв водители Тони Михајловски. Се надеваме и искрено веруваме дека оваа нова тв емисија ќе биде и ќе остане една од Вашите омилени.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: