Во прв ред

Заврши “Виноскоп”, рекордна посетеност оваа година (Фото)

Во петте фестивалски дена колку што траеше традиционалниот “Виноскоп”, ги сплоти сите љубители на вино и музика во една културолошки неодолива атмосфера. Виното испреплетено со насмевки, љубов и музика комплетно ги освои посетителите од Македонија како и многубројните гости од странство. Овој фестивал е одлика на Скопје и како таков уште еднаш се докажа како искуство кое не смее да се прескокне. Задоволен беше и градоначалникот Коце Трајановски, кој последната вечер славеше заедно со своите колеги градоначалници од Прилеп и Битола и овогодинешниот “Виноскоп” го посочи како најдобриот досега.

Сопствениците на винариите беа воодушевени од тоа колку македонскиот народ знае да ужива во сортни вина и знае да ги комбинира со различно мезе и десерти, а беа и изненадени од тоа колку вино се испи за време на фестивалот. Гостите имаа можност да експериментираат со најразлични видови на вино, од греено вино, па се до голем број овошни, сортни и традиционални бели и црни вина. Покрај одличните вина посетителите имаа и можност да пробаат и деликатесна храна која додатно го збогатуваше уживањето во убавата атмосфера.

Вино Скоп 2013Музиката пак беше приказна за себе, сите присутни,од млади до постари постојано танцуваа со добра чашка вино во рака, бидејќи во музичкиот избор имаше за секого по нешто. Од италијанска традиционална музика, до далматински песни, преку старите македонски евергрини до одличниот македонски рок и традицонална македонска музика. Овој вински фестивал оваа година беше посетен во рекорден број, а за насмевката на присутните придонесоа и артистите од “Баскер фест” кои постојано ја забавуваа публиката.

Се бараше место повеќе за седење, место повеќе за играње… Затоа и догодина организаторите ветија повторно одлична промоција на македонските вина и храна, повторно одлична забава со македонските изведувачи и повторно уште една незаборавна винска авантура. Дотогаш ќе уживаме во сите оние мигови од “Виноскоп”, кои веќе се незаборавни спомени.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: